Артан Груби е потонат до гуша во корупција и криминал. Тој брани тендер кој смрди на наместена работа за Конзорциумот воден од ИРД, а во состав на ЕПТИСА, Електра Солушн и Евро Консалтинг, тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е избришан условот фирмите да имаат позитивни биланси во последните 3 години, и оставен услов само да достават биланси, па макар истите биле и згаубари, како што е случајот со ЕПТИСА, велат оттаму
Груби не успеа да ја увери јавноста дека огласот не е продолжен и не се намалени критериумите за учество за ИРД – ЕПТИСА-Електра Солушн- Евро Консалтинг да го добијат тендерот.
Груби не кажа ниту збор зошто надзорот и правниот советник за трансакции се ставени во еден ист оглас? Зошто е дозволено надзорот, да го преговара и состави договорот со изведувачот, кој самиот треба подоцна да го контролира?
Груби не ја увери јавноста дека не прави криминал од 22 милиони евра со надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, ниту пак ја увери јавноста дека не го компромитира целиот процес, вклучувајќи компромитација и на странските фирми изведувачи со реноме.
Груби фрли коруптивна дамка на целиот процес, и тој нервозно и хистерично се брани со напад врз новинарите.
Груби е против Албанците затоа што ги краде и нив и сите граѓани на Македонија.
Разбираме зошто е нервозен Груби, и треба да биде, зошто знае дека доаѓа одговорност, за секоја една незаконитост
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.