Централниот одбор на ГРОМ донел одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Како што информираат од оваа партија на вчерашната седница се одлучувало по неколку важни точки на дневен ред, кои се однесувале на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата.

„Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот oдбор беше напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од ГРОМ.

Меѓу другото на состанокот на ЦО бил донесен и заклучок дека ГРОМ ќе продолжи да дејствува опозициски и ќе се подготвува за самостоен настап на следните парламентарни избори.

Пред неколку дена градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска oпштина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.