Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напушта партијата и во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за оваа одлука официјално го извести собранискиот претседател Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на Бeса.

Кон средината на мај незадоволство преовладуваше на првиот конгрес на Алтернатива, во однос на ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот тогаш не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи.

Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.