Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин, објави на својот фб профил вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со судската одлука за случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи. Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, пишува на фејсбук статусот на Грковска.

Судијката Јованка Спировска Панева ги осуди ИРЛ за клевета и навреда во случајот „Фероинвест против ИРЛ” за документарниот филм „Заговор против воздухот”. Во пресудата се наведува дека ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.