Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска. Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.
Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, изјави вицепремиерката за борба со корупцијата.
За фирмата на братот на Артан груби дека добила финансиски средства од Владата, вицепремиерката Грковска истакна дека се надева Антикорупциската комисија да ги истражи деталите и да утврди дали имало судир на интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.