Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, вели Солза Грчева за вчерашните изјави на евроспките министри кои во Скопје со порачаа дека Македонија треба да направи уставни измени, а другите земји ќе направат сè за да нема веќе нови барања од Бугарија.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да не добивате нови блокади“ – министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка!
На ваквата фраза можам само да се изнасмеам. НЕ МОЖАТ НИШТО.
Турција отвори 26 од 33 поглавја и доби вето (вета) од Кипар кој едвај се гледа на карта. Во 2019 ги прекина преговорите. Турција, втора армија во НАТО.
Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, порача Грчева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.