Граѓани вечерва се собраа пред зградата на Владата, на протест против „францускиот предлог“ за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ. По повикот на социјалните мрежи граѓаните излегоа пред Влада со цел да испратат порака дека во ниеден случај не смее да биде прифатен овој предлог од Франција. Активисти, експерти, сите оние кои не се согласуваат со францускиот предлог кој предвидува менување на историјата на Македонија.

Од Владата досега немаше конкретен коментар околу предлогот на француското претседателство со ЕУ, а премиерот Димитар Ковачевски и денеска рече дека „Владата на Република Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји-членки“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.