Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски, 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам.

Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци.

Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

Рејтинг на партиите

„Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за ВМРО-ДПМНЕ“ е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

Oдговорите на ова прашање се многу поделени.

17% од анкетираните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски, на опцијата многу позитивно одговориле 15 % од испитаниците, а негативно мислење за партијата имаат 16 % од анкетираните. На прашањето со – не знам одговориле 15 % од испитаниците. 24% од Македонците имаат позитивно мислење за партијата на Мицковски, а само 1 % од Албанците според анкетата имаат позитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а 8% од нив рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 9% од Македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.