Македонски знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ носат граѓаните кои утрово се собираат на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде ќе се упатат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање.

Дали ќе успеат да влезат е друго прашање.

Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот.

Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни проверки. Владата доцна вчера забрани присуство на неколку медиумски куќи, меѓу кои и на „Република“, без никакво образложение. На оние кои успеаја да влезат, пак, не им се дозволува слободно информирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.