Очигледно насилството после корупцијата и криминалот е следното нешто кое најдобро го знаат функционерите од СДС. На 14.01.2023 година градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС нападнал полицаец пред сведоци без никаков повод и без никаква причина. Според сведоштвото на жртвата, градоначалникот од СДС бил во алкохолизирана состојба и со два шамари го нападнал на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде уште потрагично, нападнатиот полицаец и неговото семејство сите овие денови биле под притисок да не го пријавуваат нападот и да се повлечат. Градоначалникот Митовски да има грам доблест ќе се извини, ќе си поднесе оставка и ќе ги сноси последиците. Вака Митовски покажува дека е човек кој ем силеџиски тероризира граѓани, ем после тоа кукавички врши притисоци да се забошоти овој скандал, стои во партиското соопштение и се додава:

Самоволието и насилството на градоначалникот на СДС мора да биде казнето. Шерифлукот на функционерите од владејачката партија станува опасност по безбедноста на граѓаните. Очигледно колку повеќе чувствуваат дека им се ближи политичкиот крај, толку понервозни стануваат. Но треба да знаат дека власта на СДС и ДУИ, партизираните судии и обвинители нема вечно да ги штитат за криминалите и прекршувањата на законот кои ги прават. Граѓаните се охрабруваат и ниту им се плашат, ниту им молчат. Доаѓа времето за одговорност и народна казна, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.