Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков, се обрати со јавна реакција по повод случајот со малтретирањето на одличен ученик од негови врсници во основното училиште „Даме Груев“ во општината, при што објави дека се преземаат серија мерки во врска со случајот.
Нацков соопштува дека една од тие мерки е разрешување на директорката на училиштето.
Деновиве сме сведоци на немил настан во основно училиште во општина Градско. Во ниту еден момент не останав имун како Градоначалник и никогаш нема да останам имун.
Морам да напоменам дека ја согледав целосната ситуација и денес преземам конкретни мерки, а воедно и јавно соопштувам.
Без разлика што и како и дали се постапило во врска со овој случај, сега треба да се согледаат последиците и зошто е дојдено до ова, односно да излезе целата ситуација од контрола.
Оттука апелирам дека сите засегнати страни треба да превземат одговорност, а иако е пријавено во МВР и Центар за социјални работи, сепак, се уште нема никаква реакција.
Во рамки на моите надлежности веднаш соопштувам дека во рамките на училиштето ја разрешувам директорката на ООУ Даме Груев.
Веднаш потоа сакам да апелирам до МВР, Центар за социјални работи, Државен инспекторат за образование и сите надлежни да го испитаат детално случајот и онаму каде треба да се помогне, а онаму каде треба да се сноси одговорност.
Уште еднаш апелирам дека иднината на нашите ученици и деца е најважна и мораме да бидеме сите со високо ниво на свест.
Ова не смее уште еднаш да се повтори‼️, се наведува во реакцијата на Нацков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.