Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни.Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат, велат од опозицијата.

Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира.

За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено.

1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација.

И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.

Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.

Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.