Мицкоски деновиве му прати порака на копретседавачот на Комисија Драги Ѓоргиев како и на членовите дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, но и дека коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Ѓоргиев во интервју за Сител изјави дека од септември тој и неколку други членови не сакаат да бидат веќе дел од Комисијата, незадоволен од односот на власта.
„Мислам дека премиерот ги навреди членовите на Комисијата. Членовите на Комисијата 6-7 години работат во таа Комисија, тоа се академски граѓани кои успеаја да изградат еден свој интегритет во македонското општество без разлика на сите оние манипулации и шпекулации неаргументирани за нивната работа“, вели Драги Ѓорѓиев.
Ѓоргиев рече и дека односот во Комисијата е блокиран кај и ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи бугарската страна одбива да прифати во текстот за евентуално заедничко чествување да стои дека Делчев е национален херој на македонскиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.