Моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницирам со поранешни колеги. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, емитувано на МРТ 1.

Јанкуловска ја одлежува четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“ и има уште една година.

Можностите за посета се ограничени. Треба да се направи добар план за правилно да се искористат тие т.н. еднократни посети. Меѓутоа, кога имам можност за тоа, пријателите ме посетуваат толку колку што е дозволено и колку што е можно. Тешко е да зборуваме за некаков контакт кога моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани. Со дел од колегите, тогаш кога имало прилика, сме се виделе, сме поразговарале. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, иако и кај него условите се сменети и комуникацијата е значително отежната. Не сме во ист затвор, но дури и да сме, машкото и женското одделение за издржување казна се тотално разделени и ние воопшто немаме комуникација“, вели Јанкуловска.

Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт, вели таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.