Членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев со неговиот тим во рамки на акција „Ова е Македонија за сите“ на населените места Петрово, Миравци, Давидово, Милетково, Смоквица и Прдејци каде што од човек на човек, од куќа до куќа остварија средби со жителите.

Ѓорчев посочи дека народот е револтиран од актуелната власт и бара промени, нова власт која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, за да се врати надежта помеѓу македонските граѓани.

Атмосферата е добра и убеден сум дека на наредните избори атмосферата ќе биде и победничка, затоа што луѓето и народот низ цела Македонија е револтиран од политиките на СДСМ, на Ковачевски, на Стево Пендаровски, на Али Ахмети, на Артан Груби и целата нивна заедничка влада. ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во наредните шест недели ќе одиме во повеќе од 200 населени места да ја вратиме надежта во Македонија, да се бориме за Македонија, истакна Ѓорчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.