Смртта на Благојче од Битола чекајќи ја државата да му обезбеди лек ја возменири јавноста. Особено револтира фотографијата на Благојче од претседателскиот кабинет, која е сведоштво дека Благојче лично го информирал претседателот дека за неговата болест има нов лек. За жал, Благојче не дочека да се увери дека лекот Трикафта е навистина магичен како што кажуваат неговите соборци од соседството.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ револтот го истури врз претседателот. Тој смета дека имаме „прилично бескорисен претседател“.

Обичен позер кој само се слика и тера ПР, додека државата му пука по сите шевовиДржавата му се распаѓа по СИТЕ основи (економија, иселување, државност), народот умира, а тој со прст НЕ мрда. Нотар кој само става параф на СИТЕ политики на Заев и Таче. Умреа 10.000 луѓе од ковид, а тој не најде ниту 1 (една) вакцина. Задолжувањето галопира, доаѓа банкрот, а тој се’ потпишува и молчи. Пендаровски нема донесено 1 (една) инвестиција. Зихерашки тера “софт” теми, а Македонија тоне и исчезнува. Тотално бескорисен, изгубен во времето и просторот, пишува Ѓорчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.