Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов.

Чест ми е што денеска на државниот празник 8 Септември сме сите заедно овде во Градската болница „8 Септември“ каде од страна на менаџерскиот тим ни беше презентиран апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти.

Со овој апарат кој се очекува да биде ставен во полна функција до крајот на годинава, значително треба да се растерети притисокот на онколошкото одделение на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, бидејќи дури една третина од тамошните пациенти, здравствената нега и услуга ќе продолжат да ја добиваат во болницата „8 Септември“ на високо квалитетен акцелератор од понова генерација, ваков акцелератор нема во регионот овој е од понова генерација, рече Ковачевски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.