Владата на Република Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.