Владата на СДС и ДУИ е неспособна нормално и достоинствено да го одбележи настанот, 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Го осудуваме односот на Спасовски и министерката за култура Стојчевска, стотици луѓе беа оставени да чекаат на студено време, додека претставниците на власта поминуваа кон гробот на Делчев.
Стотици луѓе беа оставени со саати на студеното време, додека Спасовски, Ковачевски и Пендаровски положуваа цвеќе.
Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски скришно, во 09 часот сабајле положија цвеќе, бегајќи од народот и медиумите.
Ова што денес се случуваше при одбележувањето на роденденот на великанот Делчев е мизерија.
Пендаровски, Ковачевски и Спасовски треба да одговорат како е можно после толку години нормално одбележување на роденденот на Гоце Делчев, сега овој настан да биде одбележан со илјадници полициски службеници во униформа и цивилна облека, со прелет на хеликоптери и дронови.
Граѓаните не памтат дека некогаш имало ваква неспособност, во било која влада изминативе 30-тина години. Граѓаните на Македонија не памтат ваква забеганост и лудило од страна на било која влада.
Односот на Спасовски и Ковачевски кон народот кој саат време беше оставен на ладно додека власта положуваше цвеќиња е односот кој власта го има со граѓаните во целост. И тој однос покажува зошто кон Македонскиот народ се однесуваат со изживување, а кон сите други од надвор со покореност.
Спасовски и министерката за култура Стојчевска, на чело со Ковачевски успеаја и на овој голем ден да го понижат Македонскиот народ.
Прашањето е колку го чини народот неспособноста на Спасовски и Ковачевски?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.