На 23 ноември се навршува една година од тешката несреќа на автопатот Струма во Бугарија, кога во раните утрински часови македонски автобус се запали и 45 лица изгореа. Бугарската БТВ се сретна со преживеаните и роднините на загинатите во трагедијата. Нивните приказни ги собра репортерката Владислава Тричкова, а целиот филм ќе биде прикажан оваа сабота.
Ова се само дел од сведоштвата:
4-годишните близнаци Луан и Албан се меѓу загинатите во трагедијата на автопатот Струма.
Тие штотуку почнаа да зборуваат, толку им бил животот, вели вујкото на близнаците Јусуф Назиас.
Меѓу жртвите се и 16-годишниот Елмедин и неговата мајка Гулизар.
Многу беше добар, симпатичен, многу ме слушаше, вели со солзи во очите неговиот татко.
Возач на автобусот, 61-годишниот Љупчо.
Јас уште не можам да се помирам со тоа. Само ми се појавува пред очи – зад возачкото седиште, нема каде да мрда и жив гори, вели неговата пријателка Лидија.
Ебиб е меѓу 52-та патници во автобусот. Се сеќава на секоја секунда од трагедијата. Успева да се спаси. Но, неговата сопруга Гулизар и нивното дете Елмедин.
Колку повеќе минува времето, толку ми е потешко, вели Ебиб.
Моето дете од Истанбул беше покрај прозорецот и на последната пауза ме праша: „Тато, седни до прозорецот. Ќе седнам на средина и ќе ги истегнам нозете“. Не заспа. Ставаше слушалки и слушаше песни на телефон, вели Ебиб.
Тоа е последното што се сеќава на неговиот син. Неколку секунди подоцна следува удар.
Кога удри, имаше чад. Автобусот се затвори, со вакумира. Ни вратите не се отвораа. Не знам колку минути седев без здив, вели Ебиб.
Во тој момент, еден од патниците успева да го скрши задното стакло во автобусот.
Почувствував дека доаѓа воздух, но без дишење. Скокнав и зедов воздух. Се вратив во автобусот. Викав „Елмедин скокни, биди Елмедин“. Сакав да влезам внатре, но вратите беа затворени. Ја пуштив раката низ прозорецот. Го фатив Елмедин за коса. Сега си мислам како не успеав да го фатам за рака. И јас се борев за живот, не можев да дишам, се сеќава таткото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.