Благојчо Ѓорѓиев од Кочани, поранешен специјалец преку социјалните мрежи го запраша Дарко Каевски од СДСМ како се заработуваат толку пари, односно која е формулата за богатење. Ѓоргиев, кој учествуваше на голем број од протестите против минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ, е инвалид, а формулата за богатење ја бара за да си купи 350 евра за акумулатори за скутерот за инвалиди, за што не го следуваат пари од Фондот за здравствено осигурување.

Дарко Каевски друже паметам кога се појавуваше на протести и знам од прилика колку беше финансиски моќен, а не беше моќен!!!
Друже ти за твојот работен мандат од 5 години добро си се офајдил слушам: си ставил некои 4 милиона на сметка, стан си купил, плус хациенда нешто се збори си направил, па да ми кажеш таа формулата на богатење како оди ако може да знам, јас не сакам хациенда и станови, да си купам два акумулатора за инвалидиот скутер ми требаат, 350 евра се тие, а на фондот не може да се сменат пошто количката не е преку фондот, а и не ме следува количка преку фондот пошто таков скутер го следуваат само лица студенти и пензионери над 64 години, а и нови акумулатори не следуваат преку фондот пошто е потрошен материјал, а додека чекореше со нас најверојатно СВЕСНО лажеше дека законот за инвалидни лица и лица со попреченост ке биде регулиран согласно како што е потпишан?!?!?
Ај сега Даре кажувај тајната за богатење!!! – пишува Благојчо Ѓорѓиев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.