Нашата политичка елита се затвори за договорот со Бугарија и одеше во еден друг процес, односно дека тие се некои преговори коишто доколку се изнесат во јавноста ќе наштетат на тајноста на процесот и до ден денес е тоа така ние да не знаеме што се преговара со Бугарија, изјави поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија.

Пратениците во Собранието од 2018а година па сѐ до денеска не знаат што се случува во преговарачкиот процес. Досега можеше во парламентот на Република Македонија да се дискутираат позициите и сите политички чинители да дадат свои придонес за да се подобри таа преговарачка рамка меѓу Бугарија и Македонија, кажа Ѓорчев.

Истакна дека за време на средбата иницирана од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи за состанок со поранешните амбасадори во Бугарија, му укажал дека должност негова е да бара затворена седница во Собранието.

Нашиот пристап е погрешен и не може да биде адекватен на тежината на проблемот. Должност негова на министерот за надворешни работи Бујар Османи, е да бара од комисијата за надворешни прашања да свика затворена седница. Каде целиот преговарачки пакет да биде отворен на таа затворена седница и таму затворен, рече Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека овој начин на водење на преговори со Република Бугарија е погрешен. Потребно беше и ние да наметнеме наши барања за тоа што ние очекуваме од Република Бугарија.

Во однос на кажаното од страна на ЕУ дека има волја за преговори, Ѓорчев посочи дека ЕУ има свои механизми за наложување волја доколку сака тоа да го направи.

Една држава како Бугарија која е зависна од европските фондови е многу лесно ЕУ да разговара со нејзе и да ја убедат низ еден конструктивен дијалог дека проблемот коишто го има не е суштествен и не соодествува на европските вредности, заклучи Ѓорчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.