Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку својот фејсбук профил пренесе една интересна информација околу корупцијата во Македонија..

Тој се пожали дека евроамбасадорот Дејвид Гир досега два пати му ветил, но не го викнал на ручек за да разговараат за едно многу важно прашање.

Јавно ќе кажам дека Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, двапати ми ветува и никако да ме вика на ручек, за да разговараме и за корупцијата на некои претходни високи европски функционери во Македонија, пишува во својот кус пост поранешниот министер за финансии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.