Во Македонија нема да се снима нова епизода од бурлеската „Меѓуетнички судир“. Никој не ги негира, не ги понижува и не врши притисок врз Албанците, за тие да земат пушки и да излезат во планина како во 2001 година – САД и ЕУ нема да им дозволат Европа во Македонија да ни ја донесат со калашникови. Се закануваат, уценуваат и лажат, но сето тоа сепак е само маркетинг и пропаганда.

Oва во новата колумна за „Плусинфо“ го пишува уредникот Бранко Героски, како одговор на вчерашните изјави на Али Ахмети.

Деновиве сме сведоци на нови брутални притисоци врз опозицијата да потклекне и така по секоја цена да се обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот потребно за усвојување на уставните промени. Иако резултатот на оваа погубна стратегија веќе е познат – огромно мнозинство од граѓаните на Македонија се убеди дека предложените уставни промени не се најдоброто решение и бездруго не се последната уцена од Софија и од Брисел со која ќе биде соочена сервилната влада на Димитар Ковачевски – кампањата за оцрнување и понижување на луѓето кои имаат доблест јасно и гласно да ги изнесат своите аргументи против непристојните предлози со кои е уценет прогресот на Македонија во преговорите за членство во Европската унија, ќе продолжи и ќе се засили.

Би сакал во оваа прилика јавно да им упатам порака на сите граѓани на Македонија кои се изложени на таа харанга, да бидат мирни и спокојни и да не се обесхрабруваат.

Немаме од што да се срамиме и од кого да се плашиме!

Сите ние покажавме дека грижата за македонските национални интереси е легитимна кауза и дека Македонецот од Европа не прифаќа да му се одземе или да му се ограничи правото на национално самоопределување. Покажавме и волја и капацитет за демократски дијалог, но тие, еве, ни возвраќаат со закани, уцени, заплашувања, лаги и манипулации, пишува Героски.

Целата колумна тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.