Министерката за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.