„Во однос на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Бугарија строго ќе го почитува мислењето на Советот на министри, Декларацијата на Народното собрание и Договорот меѓу Бугарија и Република Македонија. Ќе го земеме во предвид и мислењето од последната средба на ЦСНС со претседателот за РСМ. Никогаш нема да отстапиме од Рамковниот став“. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, јави репортерот на БГНЕС.
На прашањето како ќе го коментира ставот на претседателот Румен Радев дека посетата на премиерот Кирил Петков на РСМ била избрзана, Генчовска рече:
„Ова е мислењето на претседателот. Не можам да коментирам за тоа“.
Таа рече дека Владата ги рестартирала односите со Скопје.
„Продолжуваме да се надоврзуваме на она што е постигнато досега. Има континуитет од страна на МНР. Го надградуваме постигнатото, има позитивизам. Во директен контакт сме со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тимот од МНР е во директен контакт и на стручно ниво“, рече министерката Генчовска.
Таа најави дека претстои и состанок.
„Колегите од МНР на РСМ ќе дојдат овде на 10 и 11 да одржат експертски разговори за политичкиот пакет 4+1. Денеска до Министерскиот совет доставив предлог да останеме на барањата. Тоа значи на ниту еден начин не отстапува од досегашните рамковни позиции, Декларации на Народното собрание и пред сѐ од почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство“, рече министерката Генчовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.