Претседателот на македонското Собрание. Африм Гаши, во Анкара остварил средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.
Kако што соопшти собраниската прес-служба, nа средбата присуствувале и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.
Гаши остварил тет-а-тет средба и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржала и заедничка средба со пратениците членови на делегацијата.
Гаши истакнал дека средбата претставува можност двете држави да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Оценил дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.
Гаши нагласил дека како држава високо ја вреднуваме успешната соработка со Турција на сите полиња и изразил благодарност до Турција, која од самиот почеток била принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.
Kако што е наведено во соопштението, mинистерот Хакан Фидан ја потврдил безрезервната поддршка на Турција за Македонија на сите полиња и се осврнал на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
На средбата било нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.
Собраниската делегација остварила средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција.
Kако што се посочува во соопштението, nа средбата, собраниската делегација била информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Станало збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави на полето на високото образование.
Претседателот на Собранието од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Турција, на покана од претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.
Во парламентарната делегација предводена од Гаши се и пратениците Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.