Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.

До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата.

Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.