Професорот Љубомир Фрчковски е веќе на работното место во Обединетите нации, рече претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“.

– Добро е да бидеме дел од форумите на малите држави во западните земји, а и покрај шпекулациите Фрчковски не беше одбиен за амбасадор во Њујорк туку немаше одговор во разумниот рок од 90 дена, појасни Пендаровски, велејќи дека понекогаш се многу невкусни коментарите на јавноста особено во последно време за предлозите за амбасадорски места.

Тој рече дека до неговиот кабинет не стигнало предлог решение за Теута Арифи за ниту една држава од тие за кои досега се шпекулираше.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.