Претседателот Стево Пендаровски смета дека постои голем јаз меѓу двете најголеми политички партии.

-Тоа ме разочарува. Моја проценка е дека не може да се најде заеднички јазик, дури и за благородна кауза. Јас за 2-ви август во Крушево се обидов да ги соберам сите, власт, опозиција, едни, други, но не успеав. Опозицијата рече дека тоа е циркус и отиде во струшко село. Се обидов и да направам симболична спојка меѓу двата блока со организирање на заедничко гледање на натпреварот Македонија-Португалија, но и тогаш не успеав. Опозицијата кажа дека им било договорено на друга локација. Ако не можеме да се договориме заедно да гледаме фудбал, како ќе договориме клучно политичко прашање, прашува Пендаровски за односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.