Со голем митинг пред Владата, на кој излегоа над 60 000 граѓани, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја започна кампањата за претседателските избори. Обединети под мотото „Македонија повторно горда“ десетици илјади граѓани дојдоа да дадат поддршка за кандидатката за претседател на државата, професорката на Правниот факултет во Скопје Гордана Силјановска Давкова.

На митингот се обратија кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Силјановска Давкова и партискиот лидер Христијан Мицкоски и носител на листата во изборната едница 1.

Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме, порача Сиљановска Давкова вечерва од митингот во центарот на Скопје.

Таа кажа дека оваа Влада ветила многу работи, а ништо не исполнила. Најави дека ќе ги претставува сите без никаква поделба.

Пред насобраниот народ се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, кој поздравувајќи ја атмосферата, порача:

Народот доаѓа по своето… Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија. Да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите, со кои ќе покажеме на сите дека можеме, дека знаеме, дека си ја сакаме државата, дека не ја даваме, и дека ние сите заедно, сме силата на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.