На вчерашната прес конференција меѓу претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски , таа ни порача дека сме имале „ункикатен“ идентитет без да каже како се нарекува тој идентитет и дали мислише на македонски.

И во однос на јазикот таа беше јасна и не вети никакви конкретни рокови, најмалку 2030-година туку ја користеше формулацијата „еден ден“.

Сигурна сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив-рече претседателката на ЕК.

Од друга страна, премиерот Ковачевски го спомена значењето на Договорот со Фронтекс како прв документ потпишан меѓу ЕУ и Македонија на македонски јазик.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.