„Арбериа“ пишува на повеќе комби-возила и камиони паркирани на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје. На фотографиите што ги објави порталот 360 степени на плоштадот веќе се поставува сцена и опрема и се уредува просторот за утрешниот настан насловен “PEACE FESTIVAL”. Мировниот фестивал, што по повод годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, го организира Министерството за политички систем и односи со заедниците на Артан Груби.

Според документите од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем потпишало два договора со „Арбериа дизајн“ за услуги поврзани со 21-годишнината од Охридскиот договор, за кои тетовската компанија има на располагање околу сто илјади евра од државниот буџет. Понудите на „Арбериа дизајн“ за двата договора се вкупно околу 80 илјади евра.

Според едниот договор, за „организирање на манифестација по повод 21-годишнина од потпишување на Охридскиот рамковен договор“, на компанијата на располагање ѝ се околу 70 илјади евра. За тие пари „Арбериа“ треба да организира, изнајми, ангажира – конференциски сали, хотелски и ресторански услуги, кетеринзи, странски и домашни естрадни ѕвезди и бендови, како и опрема за озвучување и осветлување.

Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, пренесува Радио Слободна Европа, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.

Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, објави Радио Слободна Европа, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Само пејачите и бендовите ќе чинат 30 илјади евра, а за водителот на настанот се предвидени 700 евра.

Според вториот договор од околу 30 илјади евра „Арбериа дизајн“ треба да смисли концепт за организирање настани, да изработи и три видеоспота , да испечати промотивен материјал.

Инаку, „Арбериа“ во ноември лани ја доби и јавната набавка за прослава на Денот на албанската абука, исто така, во организација на Министерството со кое раководи Груби, која чинеше околу 30 илјади евра.

На утрешниот настан ќе настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б, а по Антониа Гиговска, настапот го прифати, па го откажа и Владо Јаневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.