Носителот на листа на Изборна единица 4, Венко Филипче во своето обраќање во Гевгелија на централниот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вети дека како претставник на граѓаните во идното Собрание ќе остане достапен за нив, за нивните грижи, маки, но и идеи и предлози.

„Јас како лекар и неврохируг знам колку е важно да им бидеш достапен на граѓаните кога им треба. А така треба да биде и во политиката. Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми не смее да заврши на денот кога ќе завршат изборите“, рече Филипче.

Тој говорејќи за владеењето на СДСМ изјави дека политиките кои ги водела СДСМ биле дефиниција за лидерство и патриотизам.

„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам.“, порача Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.