Завршува внатрепартиската постапка во СДСМ и со коалициските партнери за утврдување на пратеничките листи. Она што е сигурно е дека и на овие избори СДСМ ќе оди со коносители.

При крај е внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери и за многу скоро ќе излеземе со целосните листи составени од квалитетни кадри. Во однос на носителите кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ се покажа уште еднаш дека тоа сe старитe кадровски решенија кои ја носат државата во изолација, коментираше Дарко Каевски, пратеник од СДСМ.

Неофицијално, пренесува „Сител“, во СДСМ веќе се познати носителите. Официјално е само името на Ковачевски за првата изборна единица. За втората изборна единица се планира потпретседателката Сања Лукаревска. Во тројката носител би бил Оливер Спасовски. Во четворката, како изненадување носител би бил поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Се уште нема конечно име за петта изборна единица, додека за шестката се размислува носителското место да го добие министерката за одбрана Славјана Петровска.

Други медиуми, пак, ја пишуваат Петровска како носител во петката, а не ги исклучуваат ни имињата на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство Љупчо Николовски како носители на втората, односно третата изборна единица.

Дел од коносителите треба да припаднат на коалициските партнери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.