Венко Филипче влегува во трката за лидер на СДСМ. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник на СДСМ за ТВ24 ја најави својата кандидатура.

Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ – изјави Филипче за ТВ 24.

Филипче е трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Филипче беше носител на четвртата изборна единица, каде СДСМ доби пет пратеници.

Важи за човек од доверба на екс лидерот на СДСМ Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.