Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го придружуваше поранешниот премиер Зоран Заев на партискиот конгрес на партијата СИРИЗА во Атина.
Конгресот го одбележа аплаузот и овациите за Заев по повод потпишувањето на Преспанскиот договор, со што се стави крај на повеќедеценискиот спор меѓу Македонија и Грција, со што ѝ овозможи на земјава да стане членка на НАТО.
-Силен аплауз за Зоран Заев на конвенцијата на Сириза во Атина. Изградивме мостови и трајни пријателства, напиша Филипче на социјалните мрежи, објавувајќи видео од овациите.
На Конгресот се обрати лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.