Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата до следниот Конгрес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во синоќешната емисија „Топ Тема“ на Телма.
Мандатот на делегатите на Конгресот полека истекува на почеток на есента. Прво што ќе биде направено е едно работно тело во централата, во партијата во Скопје, кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата. Првата задача ќе биде да се постават нови в.д. претседатели на Општинските организации насекаде во државата. Тие општински претседатели ќе треба да формираат свои Извршни одбори исто така како вршители на должноста. Овие општински раководства во првата фаза ќе треба да направат општински конференции во коишто ќе се изберат нови делегати за нов состав на Конгресот, со оглед на тоа што мандатот на сегашните истекува, и нови предлози за членови во Централниот одбор, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ најави дека во месец октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури на партијата и ќе се спроведат статутарни измени.
Во текот на есента, очекувам тоа да биде во месец октомври, ќе се конституира и ќе се состане новиот Конгрес со нови делегати којшто ќе ги избере новите членови на Централниот одбор. Од тој Централен одбор понатаму ќе се изберат новите раководни структури во партијата, како новиот Извршен одбор, новите потпретседатели. И, на истиот тој состанок на Конгресот ќе се спроведат статутарните измени за имплементација на Програмата којашто јас ја предлагам, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Топ Тема“ на Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.