На утрешната седницата на Советот на јавните обвинители ќе се бира шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје.

На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

И Фетаи и Рустеми беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.

На утрешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот обвинител на Организиран, Ислам Абази.

На истата седница е предвидено да се изгласаат уште неколку шефови на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Исто така ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.