Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук по повод утрешната седница во Собранието каде што т.н. францускиот предлог ќе се најде пред пратениците.

Тој напиша дека предлогот може да помине во Собрание, но дека ќе нема промена на Уставот, и уште еднаш повика на протести вечерва во 19 часот.

Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ!Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание! Ултиматум, НЕ благодарам! напиша Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.