Во Собранието попладнево се случи инцидент кога пратениците од Левица почнаа да фрлаат со нивните амандамни за Деловникот кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Пратеникот Борислав Крмов, кој имаше процедурална забелешка, фрлаше со листовите од амандманите и ги искрши компјутерот и телефонот пред претседавачот на Собранието, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.

Според познавачите oд собраниските кулоари, театарот кој денес го подготвија пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов беше во соодејство со собранискиот спикер Талат Џафери и неговиот заменик Мисовски.

Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица која започна во Советот на Град Скопје, ја продолжува соработката и на парламентарно ниво. Со овие исценирани расправа и инцидент, и трите страни се обидуваат да си го подигнат рејтингот во предизборието. Зошто Апасиев не реагираше вака за францускиот предлог, ниту за случајот „Онкологија“? Во секој случај е срамота што и понатаму се дозволува во законодавниот дом да се прави театар, кој скапо го плаќаат само граѓаните, коментираат позанавачите.

Во Собранието по инцидентот повторно е повикана пауза за 131. седница. „Недоразбирањата“ почнаа откако Левица поднесе над 2000 амандмани за Предлог-Деловникот на Собранието, а Џафери, посочи дека само 12 од поденсените 2461 амандмани на партијата се уредни, а останатите не. Тој додаде дека три амандмани поднеле и пратениците Бедри Фазли и Илија Николовски и дека истите се уредни.

Крмов рече дека 131. седница мора да биде прекината, дека нивните амандамни не се ни доставени и дека немаат архивски број и побара да биде кажано по кој основ се отфрлени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.