Претседателот Стево Пендаровски, во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека дел од причините зошто Македонија во овој период стана толку важна во агендите на европските лидери е срамот дека ЕУ не испорачала.

Мислам дека има два момента, нагаѓам, бидејќи се тоа нивни мотиви, не можам да ги знам. Да ме прашувате за моите мотиви ќе ми биде полесно да одговорам. Прво, нив им е срам што државата која го промени своето име, единствена во светот, се уште не може да почен преговори. Срам им е не затоа што чекаме 17 години, туку чекаме со небулозни образложенија – надвор сме со небулозни образложенија. Ние имамвме референдумско прашање во кое и ЕУ беше спомната еднакво и веднаш до НАТО членството. НАТО испорача, ЕУ не испорача, притоа да не се залажуваме, бугарската блокада следеше откако веќе имаше некажана француска блокада која побара нова методологија, која ја носеа таму, грубо да не кажам – ја квачеа шест месеци и по која, три години подоцна ниту Србија, ниту Црна Гора не почнале практично да преговараат. Таа методологија беше најавувана како нова методологија која не само што ќе ги забрза преговорите, туку и дека ќе даде видливи резултати од поглавје до поглавје, од фаза до фаза…, изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, има план до 2030 година сите шест земји од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.