Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на маргините на Самитот во Лондон се сретнл со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а екомонијата и енергетиката биле темите во фокусот на нивниот разговор.

Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија. Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката, објави премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.

Мицкоски се заблагодарил за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија.

Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните, напиша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.