Деновиве повторно е актуелно барањето на помалите партии, пред се на Декократскиот сојуз за воведување на една изборна единица. Тие дури и се заканија дека ќе го преиспитаат учеството во сегашнава влада доколку за три месеци не бидат изгласани измените.

До пресврт дојде кога и ВМРО-ДПМНЕ го поддржа нивниот предлог. Но тие , наместо ова да го поздрават, најавија протест против најголемата партија во Собранието.

Дека власта, пред ДУИ и СДСМ само декларативно се залага за воведување на една, наместо шест изборни единици покажува и документот од април минатата година од владата. Во писмото потпишано од Артан Груби тоа јасно се посочува.

Во него владата го информира претседателот на Собранието Талат Џафери  дека го разгледале предлог законот за измени на Изборниот законик во пресрет на локалните избори.

Во образложението зошто не даваат позитивно мислење за измените е дека дека тие тие треба да се донесат шест месеци пред избори за да партиите имаат време да се подготват.

Премиерот Ковачевски пак смета дека од нив потекнува предлогот за една изборна единица.Тој денеска објасни дека СДСМ е прва која го поддржа предлогот на помалите политички партии за една изборна единица.

-Несериозно е зашто парламентарни избори имавме пред само една година, во 2020-та, кога се дефинираше комплетно легитимно парламентарно мнозинство кое сега е проширено со Алтернатива и има 64 пратеници во Собранието, рече Ковачевски, додавајќи дека СДСМ и коалициските партнери се зафатени со решавање на предизвиците претставени во владината програма  што беше изгласана овој месец и дека се работи на приоритети – прво пандемијата, потоа енергетската криза, топлинската криза во град Скопје и економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните и стопанството.

Процесот за нов Изборен законик односно на моделот на избори, рече Ковачевски, треба да биде прво во работни групи кои ќе го дефинираат, а притоа ќе бидат вклучени експерти и стручна јавност со цел да бидат видени, како што рече, сите предвидувања како ќе изгледа изборниот процес врв основа на претпоставен нов изборен модел.

Изборниот законик секогаш се носи со консензус. ВМРО-ДПМНЕ излезе со нивни предлог како треба да изгледа една изборна единица, но нивниот коалициски партнер Алијанса имаше друг став по тоа прашање. Што се однесува на барања за промена на Уставот и за промена на број на пратеници, веднаш излегоа со барања и други политички партии што значи дека за такви барања треба да се седне  и да разговараат сите партии во однос на уставни промени. Тоа е процес кој трае подолг период и за кој е потребно да се отвори постапка што потоа поминува низ филтри на различни институции во државата и низ консултативен процес, истакна премиерот Ковачевски.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.