Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!?
А, господа амбасадори!?
Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира.
Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото!
Така може од „втора мајка“, да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти „црната дамка“, што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери.
Имам и друг предлог:
На местото на поранешниот државен јавен обвинител, „исихастот“ Јовевски, докажаниот „молчељубец/ќутолог“, кој како да имаше земено „завет на молчание“, во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓата Вилма Русковска.
Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашната Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се’, и зошто биле маскирани?
Ако не тоа, тогаш пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија.
Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме: „Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха…“!
Се разбира ако тој глас беше нејзин!?
А не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која садистички ужива во притворот на некој си таму, кого го фрлила во кочината, наречена „Шутка“. Кој знае … ?
Но, сето тоа треба да се расчисти.
Е сега, за судија во тоа обновено судење за „терористичко загрозување …“, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години, да се пентари по скалите и да седи по 13 до 14 часа на судење во деноноќие, 4 до 5 деноноќија во неделата.
Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар.
Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до самиот врв на уставениот суд.
П.С.
Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички).
Дали во таков случај, ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат/назначат.!?
Фејсбук статус на Владо Јовановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.