Дирекцијата за заштита и спасување најави дека денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови кои оперираат во Труција. Од дирекцијата велат мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода и друга логистика брзо се трошат.

Вчерашниот ден нашите спасувачки тимови го одбележаа со уште една успешна акција во која беше спасено десетгодишно девојче кое под урнатините успеа да преживее седум дена.

За Телма за целиот настан просведочи тетовскиот алпинист Надир Мурсели кој заедно со турските спасувачки тимови учествува во акциите во Караманмараш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.