Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека пратениците и тој како спикер знаат што прави Владата во процесот на дијалог и преговори со Бугарија за деблокирање на европскиот пат на Македонија.

Донесовме Резолуција во Собранието и определивме насоки, препораки и рамки по кои треба да се движи извршната власт во спорот. Според законскиот пропис и надлежностите во меѓународните односи, Владата одлучува, но ние како Собрание стоиме над главата на извршната власт и секако имаме соодветни информаци, во кој правец и за што се разговара со Бугарија, рече Џафери во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.