Граѓаните веќе се спремни и зрели да ја изразат својата политичка волја независно од тоа дали некој министер или друг државен функционер од извршната власт сака на помал или поголем начин да злоупотреби одредено влијание за изборниот процес. Видовме дека на локалните избори тоа иако се потрудија некои луѓе да го направат тоа не им успеа, и сметаме дека не е потребно да имаме Пржинска Влада“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Во однос на тоа зошто Талат Џафери не го става на дневен ред и вели дека е се преведува, Милошоски истакна дека се бара бришење на 10 члена каде се споменува Пржинска влада, а бришење е 10 секунди по член, освен Џафери ако не преведува на кинески и затоа тоа е купување на време.

Според него има некоја калкулација од страна на СДСМ и ДУИ, зошто во моментов не се спремни да го подржат ваквиот предлог за кој што и самите претходно во изминативе две – три недели па и во изминативе неколку месеци укажуваат дека во Македонија веќе е непотребно да постои еден таков хибриден композит Пржинска Влада, кој што гледаме дека прво е поскап за граѓаните и буџетот.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш се потпира на изборната волја на граѓаните. А, СДСМ очигледно е дека во изминативе 7-8 години делумно се потпира на волјата на граѓаните, а делумно користи средства како да ги добие изборите.

Сметаме дека граѓаните се заморени од едно такво намудрување и кочничарење за време на опстојувањето на Пржинските Влади кога и тоа да било. И мислиме дека државата би требало веќе да го тргне од себе веќе овој модел кој што не и дава добар имиџ на самата држава бидејќи Македонија како членка на НАТО и земја која одамна има заслужено датум за почеток на преговори со ЕУ не добива ништо со еден ваков хибриден состав на Владата кој граѓаните ги чини поскапо, а ефикасноста ја прави помала, заклучи Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.