Планирано е со врзан потпис претседателот и потпретседателот на Заводот за статистика на 31 mарт да ги верифицираат и објават резултатите од пописот, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека не може да одговори за тоа колку Бугари би излегле на пописот.

Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам затоа што немам информации во врска со резултатите и не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа, додава Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.