Општина Тетово од вторник 18 јуни дворовите на пет училишта ќе ги пренамени како паркиралишта, а образложението е дека се прави со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселеници и зголемувањето на бројот на возила. Паркирањето таму ќе биде бесплатно.
Ова ќе го олесни сообраќајот во текот на летото кога нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема посетеност. Исто така, сакаме да апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постројките на јавниот превоз и да го користат градскиот автобус за да се намали аерозагадувањето и да не се предизвикува сообраќаен хаос, информираат од Општина Тетово.
Како паркинг места ќе служат дворовите на основните училишта „Истикбал“, „Лирија“, „Гоце Делчев“ како и двата објекта на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.